fbpx
Вести

КОЛКУ Е БЕЗБЕДНО ДА СЕ ЈАДЕ: Празници без свинско не бидува

Во цела земја речиси е утврдена „трихинелоза” кај дивите свињи, но не и кај домашните. Оттука доаѓаат и апелите од надлежните одгледувачите на свињи за домашна употреба грлата да ги колат во одобрени кланици каде ќе се изврши преглед на месото.

Пред неколку дена директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов кажа  дека болеста не е откриена кај домашните свињи, како што е случајот во Србија.

Свинското месо сепак е неизбежно од празничната маса на скоро секое семејство.

Одгледувачите пак, како што велат нема да ги поскапат цените, бидејќи ако го направат тој потег нивното месо може да остане непродадено а граѓаните да се насочат кон узвозното замрзнато.

Групацијата на производители на месо до Владата пред два месеци поднесе барања за построга контрола на увозот и неговото декларирање, не само во продажба туку и во угостителските објекти.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close