fbpx
ВестиТоп вести

По Македонија и Србија забрани одгледување животни за производство на крзно

И во Србија стапи на сила забраната за одгледување на животни поради производство на крзно.

Оваа забрана е иницирана со Законот за доброто на животните уште од 2009 година, со што е забрането „чување, репродукција, увоз, извоз и убивање на животни исклучиво поради производство на крзно и кожа“. Овој чин го поздравија многу Здруженија за заштита на животните, но и многу љубители на животните и природата во светот.

Од денеска сите фарми кои одгледуваат животни за производство на крзно стануваат илегални. Повеќето одгледувачи веќи ги затвориле или ги преориентирале своите бизниси во други гранки, со цел да се почитува Законот. Годишно се убивани повеќе од 12.000 мали животни.

Инаку, забраната за одгледување на животни поради производство на крзно веќе се применува во Македонија, а од европските земји овој Закон е прифатен во Велика Британија, Австрија, Словенија, Белгија, Германија, Шведска, Хрватска и Луксембург.

Пропишани забрани со преодни периоди се во тек во Холандија, Чешка, Норвешка, Данска, а во Шпанија е забрането отворање на фарми за крзно од еколошки причини. Во Швајцарија нема формална забрана, но прописите за чување на животни за оваа цел се многу строги.

Извор: Вечер

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close