Колку чинат цигарите во најскапите градови во светот?
Растот на цената на цигарите е тренд кој е присутен во повеќето земји, најмногу поради високите акцизи, но и поради штетноста врз здравјето.
Откако неодамна беше објавена листата на најскапи градови на светот, Бизнис Инсајдер одлучи да провери колку цигарите чинат во овие градови. Во предвид е земено едно пакување од 20 цигари.
Според оваа анализа цигарите се најскапи во Лондон (14.30 долари), потоа Њујорк (13.67 долари) и Сингапур (9.15 долари). Њујорк, пак, има највисок данок на цигарите меѓу сите Американски Држави, а тој е во износ од околу 4.35 долари на кутија.
Анализата покажала дека одредени градови како што се Копенхаген и Сеул, иако важат за едни од поскапите во светот, имаат доста пониски цени на цигарите, отколку што може да се очекува. Така во Копенхаген цигарите чинат 6,41 долари, а во Сеул 3,71 долари.
На оваа листа се најдоа и Женева (9.08 долари), Цирих (8.57 долари), Париз (7.85 долари), Лос Анџелес (7.74 долари) и Хонг Конг (7.48 долари).