Платформа за берење и режење на овошки
Најновите иновативни решенија од механизација што се користи во овоштарството веќе се достапни и за македонските овоштари.
Италијанскиот производител Frumaco Europe исфрли на пазарот несекојдневна, иновативна, самоодна платформа за берба на овошки, која би ја посакал секој овоштар.
Моделот Tecnofruit CF105 e компактна машина за меѓуредна берба во редови ↔️ од 3-4 метри и висина на дрвја ↕️ од максимум 3,6 метри.
Богатата стандардна опрема и многуте додатоци овозможуваат оваа машина да биде адаптирана на потребите на скоро секој модерен овоштар.
Опремена е со 3-цилиндричен дизел мотор со TIER4 нормативи и четири латерални платформи со 3 нивоа на берба, наменети за комфорна работа на дури 6 лица по највисоки ергономски стандарди. Оваа машина поседува и можност за многу додатна опрема, а на корисниците ќе овозможи брза, лесна, ефикасна и ефективна берба по највисоки стандарди и во поглед на ергономија и во поглед на транспорт и складирање на самиот плод.
Повеќе информации може да се добијат на следниов линк:
👉http://frumacoeurope.eu/products/tecnofruit-cf105
Еве како практично изгледа во видеото на линкот:
👉https://www.youtube.com/watch?v=IT6FhQ3nZIU
Македонските овоштари може да ја најдат во продажните салони на Синпекс Битола.
Р.З.Б