fbpx
ВестиСовети

Календар на земјоделците- Пчеларство

За нашите климатски услови јануари е типичен зимски месец. Температурите во
повеќето години се ниски, сончевите денови се релативно малку, а земјата е покриена со
снег. За пчелните семејства месец јануари е период на целосен мир – состојба во која тие
најдобро се спротивставуваат на за нив неповолните надворешни услови. Во овој период
животните функции на одделните индивидуи на пчелното семејство- матицата и пчелите
работнички, се сведени на минимум. Формирањето на зимското кубе во пчелното
семејство овозможува да се намалат оксидирачките процеси во телото на пчелите, како
резултат на помалиот прилив на кислород од воздухот што се наоѓа околу кубето. Колку
позбиено е пчелното семејство и погуста маса формираат пчелите во него, толку подобро
се одвива презимување на пчелите. Пчелите консумираат помалку храна, помалку се
истоштуваат физиолошки и живеат подолго во текот на пролетта. Пчелите се адаптирани
кон целосен зимски одмор. Секое негово нарушување без оглед од какви причини
станало им штети на нивното добро презимување. Затоа во јануари не е корисно да се
дава на пчелите храна – погачи, припремена од страна на пчеларите или купена, па дури
и мед во погачи или кристализиран, даден како пита над кубето. Прихранувањето на
пчелните семејства во јануари, ако тие не се загрозени од глад, е погрешно. Давањето
храна на пчелите во јануари во каква и да е форма им штети во неколку насоки. Од
целосно мирување тие инстинктивно веднаш минуваат во активна состојба – ја
зголемуваат температурата во кубето, за да можат пчелите од надворешната страна на
кубето да се одделат и да стигнат до храната, да ја растворат и пренесат во течна
состојба до ќелиите од сакето. Оваа активност трае повеќе од 10-15 дена, за кое време
пчелите се во состојба на зголемена активност и консумираат повеќе храна за да ја
створат потребната топлина. Заедно со тоа тие треба да го преработуваат шеќерот во за
нив достапна форма – да ги претворат сложените шеќери во прости, како и да го лачат од
жлездите ензимот инвертаза што ги истоштува физиолошки. Во јануари и воопшто во
текот на целиот зимски период пчелните семејства, кои останале без храна во
централниот дел на сандакот, наместо тврда храна треба да им се даваат погачи со мед.
За таа цел треба да се прераспределат медовите резерви во самиот сандак преку
преместување на рамките (рамките со мед да се распоредат меѓу празнините во центарот
на сандакот). Ако во гнездото храната е намалена, што е недозволиво при нормална
подготовка и зазимување, во замена на празните рамки на пчелите треба да им се дадат
рамки со мед од резервите. Во јануари во нашата земја паѓа понекогаш дебел слој од
снег, кој може да го затрупа половина или целиот сандак. Во такви случаи пчеларите не
треба да брзаат да го отстранат снегот освен ако тој, не го затворил целосно летот на
сандаците. Пчеларот треба да ги посетува пчелите периодично, како и после невреме, за
да се контролира состојбата на сандаците – да нема откриени пчелни семејства или пак
превртени, да нема штети нанесени од трети лица, како и штети од клукајдрвец. Барем
еднаш во месецот тој треба да изврши контрола на сандаците така што со слушање ќе
констатира каква е состојбата на пчелното семејство внатре во сандакот. Во текот на
јануари пчеларот продолжува со поправка на инвентарот, кој ќе го користи во следната
сезона, и подготовка на рамките со восок (поставување и затегнување на жици), како и
подготовка на минимум по 5-6 рамки за Дадан – блат сандацитe.


 

agencija.gov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close