Белграѓанка дома произведува зеленчук и од тоа живее: За почеток се потребни1000 евра кои се враќаат за 2 месеци
Одгледувањето зеленчук во вода или градина во сопствената кујна, станува тренд кој од светските метрополи почнува да се пренесува и во Србија.
Дека концептот на урбано земјоделство може да биде профитабилен, покрај задоволување на потребата за свежа и здрава храна, покажуваат бројни примери, меѓу кои и малото земјоделско стопанство во центарот на Белград на Јана Митровиќ (36).
Оваа мајка на три мали деца, во 2016 година ја остава својата постојана работа како економист во мултинационална компанија и почнува активно да се посветува на мини растенија – грашок, цвекло, босилек, брокула … – и тоа, во сопствената кујна. Желбата да се хранат децата здраво, за неколку месеци се претвори во вистинска работа, од што зависат многу реномирани ресторани.
-Се започна случајно. Прво сакав да произведувам никулци но кога истражував на интернет наидов на примери за производство на микро зеленчук и одлучив да пробам. Почнав со две полици за растенија во мојата трпезарија. На почетокот бев скептична дека некој ќе сака да ги купи овие производи но мојот сопруг ме охрабри дека ќе успеам и дека тоа е вистинска работа. Тогаш почнав да нудам во рестораните во градот, во согласност со принципот на герила маркетинг. Влегував во рестораните и на шефовите на кујна им нудев од производите, оставам да пробаат, делев рекламни материјали, флаери…и полека еден по еден, рестораните почнуваа да ми нарачуваат- ги открива Јана за Курир нејзините првични чекори во бизнис.
Таа нагласува дека бизнисот го започнала со одгледување на шест до седум видови растенија.
– Во почетокот ми беа потребни околу 1.000 евра за осветлување, семиња, пакување, земја … Инвестицијата се враќа во два до три месеци, за кое време добив околу дваесетина клиенти. Во меѓувреме, се преселив во друг простор, ја проширив фармата, вработив колеги кои ми помогнаа во садење и секојдневно одржување и сега одгледувам 16 видови култури кои обезбедуваат повеќе од сто ресторани во Белград и Нови Сад – вели Јана.
Нејзините производи како бренд “Урбани фармери” неодамна беа во продавниците во ексклузивни хипермаркети.
– Има голема побарувачка, но мора да се работи секој ден за потребите на ресторанот. Општо земено, луѓето се уште не се навикнати на оваа храна, но реагираат позитивно, особено кога ќе слушнат дека е многу поздрава бидејќи младите растенија имаат помеѓу четири и 40 пати повисока концентрација на витамини – изјави Јана.
Повеќе на следниот линк