fbpx
Вести

За малку ќе јадевме расипано бразилско месо

Скоро 900 килограми смрзнато говедско месо со поминат рок е спречено да влезе во Македонија, преку граничниот премин Богородица. Месото во вредност од над 2.700 евра, кое било без коска, е со потекло од Бразил, a било наменето за увозник од Струмица.

za malku kje jadevme rasipano brazilsko meso

 

Според извештајот на Царинската управа, небезбедната пратка била откриена во гевгелиската царинска филијала. Цариниците, при детален преглед на месото, од налепниците на неговото пакување утврдиле дека се работи за стока со поминат рок на употреба.

“За наодот е известена Агенцијата за храна и ветеринарство, сектор за инспекциски надзор ПЕ Гевгелија, која веднаш излегла на терен, и по нивните наоди било изготвено решение за забрана за пуштање на стока во слободен промет која е небезбедна за здравјето на потрошувачите, а увозникот е задолжен да ја уништи стоката. Против увозникот е поведена прекршочна постапка со мандатно казнување”, стои во соопштението од Царинската управа.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера, до затворањето на весникот, не одговорија на прашањето колку било старо месото и дали било наменето за производство на месни преработки.

Според статистичките податоци на АХВ, лани од официјалните ветеринарски служби биле конфискувани и уништени 16.199 килограми храна од животинско потекло.

Во текот на 2015 година, во Македонија биле увезени 74.588.518 килограми месо и производи од месо, додека во 2014 година увозот на оваа категорија производи изнесувал 72.619.110 килограми.

Од вкупно реализираниот увоз на месо и производи од месо минатата година, најголем дел 25.459.026 килограми отпаѓаат на месо.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close