По третпат на продажба Тутунскиот комбинат
По два неуспешни обида, Тутунскиот комбинат Куманово ќе се продава по третпат. Огласот е објавен пред неколку дена, а наддавањето е закажано на 5 април.
Фабриката за производство на цигари се продава како целина. Во пакетот се недвижен имот деловни згради, машини и опрема, подвижен имот и резерви тутун. Вкупна проценетата вредност на пакетот е 12,4 милиони евра. На последната продажба комбинатот се нудеше без почетна цена, но немаше заинтересирани купувачи.
Аукцијата ќе ја води Централниот регистар на Македонија. По завршувањето на јавното наддавање, учесникот кој дал највисока понуда ќе добие информација дека е најповолен понудувач, а стечајниот управник ќе го извести стечајниот судија за резултатите од наддавањето. Судијата ќе даде и предлог да се свика собрание на доверители, на кое ќе се донесе одлука дали ќе се прифати дадената понуда за купување на имотот која е предмет на продажба.