fbpx
Вести

За поголем економски бенефит земјоделците да се здружуваат во земјоделски задруги

Земјоделците во Македонија мора да се здружуваат за да имаат поголем економски бенефит, велат од Македонската асоцијација на земјоделски задруги. Тие работат на промоција на задругарството, а преку проект финансиран од Европската Унија треба да се формираат нови задруги, а постоечките ќе бидат поддржани со грант. Можностите за здружување се предизвик за земјоделците во идниот период.

– Сепак ние како земјоделци во МК сме ситни, искуствата од европските држави покажуваат дека само здружени може да дојдеме до поголеми бенефити.

Но во моментот, земјоделците се уште не го прифаќаат здружувањето безрезервно.

-Не дека тие не сакаат да се здружуваат, но таков ни е и нашиот балкански менталитет, ајде да видиме прво комшијата што ќе направи па после ние да почнеме. Затоа е потребно од постоечките задруги да се покажат позитивните искуства, но за тоа се уште имаме законски пречки кои дополнително ќе се отстрануваат, истакна Ивановски.

Како што истакна Ивановски, се работи на промена на законот за земјоделски задруги, а работна група изготвува амандмани што е она што треба да се подобрува.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close