Тетовската јаболка се уште стои во подрумите и магацините
И по четири месеци од бербата, тетовската јаболка се уште стои во подрумите и магацините. Овоштарите велат дека досега нема заинтерисираност за откуп, ниту надлежните институции покажале интерес за нивниот проблем.
Голем дел од нив одлучилите годинешниот род да го фрлат на депонија, а здравје како што велат напролет, да ги окторнат насадите со јаболка.
Овоштарите ни раскажаа дека ова е една од најлошите години за нив. Вели дека државата мора да воспостави контрола на увозот на тропско овошје.
Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието, велат дека во последниве години регистрираат дека се намалуваат овошните насади со јаболка. И оттаму како причина за ваквата состојба ги наведуваат немањето откуп и ниската откупна цена. Додаваат дека вината е и кај самите земојделци, кои конечно треба да се здружат во задруга и заеднички да настапат на пазарот, со цел спречување на процесот на исчезнување на тетовското јаболко.