fbpx
ВестиТоп вести

Намалување на бројот тезги – тенденција на сите пазари низ државата

Скоро во сите  организирани пазари низ државата, пазарџиите функционираат нормално. Како што беше најавено се чека одлуката, пратениците во собранието на РМ  да го одложат Законот за трговија во зелените пазари. Дотогаш јавните претпријатија кои  ја организираат работата на пазарите не може да склучуваат нови договори.

„Во моментов ниту еден пазар во Македонија нема склучено договор  за закуп на тезга со никој. Во пракса од 15 декември почнувавме да склулчуваме нови договори, а од 1-10 во тековниот месец имавме обврска во УЈП да ги пријавиме сите договори“, вели Владе Атанасовски директор на ЈП Пазари Битола.

И пазарџиите и организаторите на пазарите имаат низа забелешки на законот. Со овој закон  би било доведено во прашање и функционирањето на зелените пазари.

„Во моментов по овој закон од вкупно склучени 562 договори во 2018 година, во ЈП Пазари Битола услов исполнуваат 243, но до сега ниту еден нема извадено лиценца. Од нив 69 се постојани закупци , додека 174 се земјоделци кои закупуваат тезга сезонски , во зависност од производите што се бараат во одреден период. Во такви услови  не ќе можеме да ги покриеме ниту трошоците за струја и не можеме нормално да функционираме“, објаснува директорот Атанасов.

ЈП Пазари стопанисува со вкупно 705 тезги на двата пазари (градскиот зелен и реонскиот пазар). Минатата година имаше 140 тезги слободни. Има тенденција на намалување на бројот на тезгите не само во Битола туку и во останатите пазари низ државата. Причините се различни, меѓу кои е и таа што голем дел од производите што се нудат на зелените пазари може да се најдат  во поголемите маркети. Младите се повеќе пазарат во маркетите каде на едно место може да купат повеќе производи. Сепак потребна е сеопфатна анализа на состојбите за да може да се дојде до одговори.

Сите засегнати страни очекуваат измени во законот и отстранување на сите забелешки со што работите на пазарите би се нормализирале.

Ј.П.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close