Со 57 гласа „ЗА“ и 12 „Против“ пратениците во собранието изгласаа да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари.
Примената на Законот се одлага за една година и се враќа на комисиска расправа. За овој рок сите засегнати страни треба да ги усогласат своите ставови и да предложат нов закон.
Одложувањето доаѓа по протестите на пазарџиите за новиот Закон според кој требаше да плаќаат 60 евра за лиценца, а тезги не ќе можеа да закупуваат пензионери, социјалци и хонорарци.
З.Б.