Плевелите кај стрните жита можат значително да го намалат приносот и квалитетот и да предизвикаат проблеми при жетвата и поради тоа истите треба да се сузбијат. Може да се сретнат околу 120 видови на плевели но сите не се јавуваат на еден локалитет.
Озимите жита и плевелите со порастот на температурите брзо се развиваат, поради што сузбивањето на плевелите треба да се изврши што порано.
Пролетната заштита треба да се изврши до крајот на братење пред појавата на коленцето и тоа од две причини:
-во фаза на братење житариците се најосетливи на присуството на плевелите при што со каснење на заштитата може да се намали приносот
-житариците најдобро ги поднесуваат хербицидиде до крајот на братењето.
Од аспект на примена на хербицидите плевелите се класираат на:
-класести (едногодишни и повеќегодишни) и
-широколисни (едногодишни и повеќегодишни)
Така според оваа класификација одредена група на хербициди наменета е за сузбивање на класести, друга група за сузбивање на широколисни и трета група на хербициди ефикасно дејствуваат на двете групи плевели.
Од класестите (едногодишни и повеќегодишни) плевели поважни се: обична ливадарка(Poa trivialis), обична ветрушка(Apera spica venti), лисичја опашка (Alopekurus mysouroides), просенце(Milium wernale), полска класица(Bromus sp.), див овес(Avena fatua), обично просо(Echinocloa grus cali), мухар(Setaria viridis) и други.
Од широколисните (едногодишни и повеќегодишни) плевели поважни се; вртипоп(Anthemis sp), лепавец(Gallium aparine), куландра-смрдлива трева(Bifora radians), повивка(Polygonum convolvulus.), паламида(Cirsium arvense), слачец(Convolvulus arvensis), камилица(Matricaria chamomilla), подланица(Caucalis daukoides), Глушина (Vicia sp.), Булка(Papaver rhоeas), Какол(Agrostemma githago), Овчарска торбичка (Capsela bursa pastoris) и други.
Пред донесување на одлука за примена на хербициди треба обавезно да се изврши контрола на секоја нива по однос на присуството на плевели, видот на плевелите, како и фазата на развој на посевот.
За сузбивање на класести и широколисни плевели може да се користат следните хербициди: TENA (се користи во пченица и јачмен а ги сузбива и отпорните плевели на хормонските хербициди како што се-лепавец, камилица, смдлива трева), QUARTZ SUPER (се користи во пченицата и јачменот во фаза до братење), SEKATOR (ги сузбива широколисните и некои теснолисни плевели во озимата и јарата пченица и јачмен, ржта и тритикалето, а може да се користи се до појавата на заставичарот), PALLAS-75 WG (се применува во пченицата, ржта и тритикалето за сузбивање на широколисни и теснолисни плевели а ефикасен е против лепавецот и дивиот овес, со тоа што најдобра ефикасност дава кога е применет до фаза на видливо второ коленце).
За сузбивање само на широколисни плевели се користат следните препарати: DEHERBAN, AGROSAN, PLEVISAN, MONOSAN HERBI (овие препарати се врз база на активна материја 2,4-Д и овај е еден од најприменуваните хербициди во пченицата и јачменот во светот а се применува во фаза на братење), ARRAT (се користи во озимата
и јарата пченица и јачмен, а ефикасен е против најопасните плевели лепавецот, вртипоп и паламидата), GRANSTAR-75 WP (се користи во пченицата, ефикасен е против вртипоп, смрдливата трева и други а може да се примени до појава на заставичарот), LANCELOT SUPER (се применува во пченицата, јачменот, ржта и овесот се до појава на видливо второ коленце а со успех сузбива многу од најопасните плевели како што се: вртипоп, смрдлива трева, лепавец, паламида, камилица и други)
Извор: АПРЗ