fbpx
ВестиТоп вести

Голем интерес на прилепските земјоделци за механизација преку ИПАРД-програмата

Прилепските земјоделци покажуваат голем интерес за ИПАРД – програмата за набавка на приклучна механизација, констатираат во  Агенцијата за унапрување на земјоделството во Прилеп кои, аедно со подрачната единица на Министерството за земјоделство, им помагаат на земјоделците да ги подготват документите за аплицирање, зашто огласот е отворен до 9 февруари.

Според советникот во Агенцијата, Горан Томески, земјоделците секогаш покажуваат интерес кога е во прашање обновувањето на механизацијата. Овојпат е приклучната, главно за растителното производство.

-Најголем интерес, вообичаено од ИПАРД-програмата предизвикува набавката на земјоделската механизација. Главно, поради осовременување на земјоделската механизација која е стара повеќе од 30 години. Иинтенцијата е да се осовремени земјоделската механизација, да се намали потребата од работната рака и со осовременувањето да се зголеми профитот на земјоделците. Значи, нема професионален земјоделец во прилепскиот дел од Пелагонија кому не му е помогнато со обновувањето на механизацијата.  Секој, барем еднаш до два пати бил корисник на програмата. Во моментов, во тек е огласот и ќе трае до 9 февруари кој е краен рок за поднесување на барањата. Овој оглас е од оној, од 2018. Тракторите не се предмет на интерес, туку приклучната механизација, посебно за оние земјоделци кои се занимаваат со растително земјоделско производство. Но не е ниту запоставено сточарското производство, особено за помош во опрема во нивните објекти, Сега, со оваа програма има зголемување, односно за 10 насто поголем повраток на вложените средства. Од поранешниот однос 50-50 сега повратокот на средства е зголемен и 60 отсто од вложените средства се враќаат, објаснува Томески.

Младите земјоделци имаат дополнително олеснување. Уште пет отсто, а за планинските села е 10 проценти.Зголемувањето на повратот на средствата е и во одделот за работа со вештачите ѓубрива, органскиот отпад или, пак, во делот со обновливите извори на енергија.  Својот интерес го покажува и младиот земјоделец, 37-годишниот Јованче Митрески од Кадино Село. Побара совет од Агенцијата за да ги комплетира документите за аплицирање. Има и претходно искуство.

-Вторпат сакам да користам средства од ИПАРД. За да се осовремени земјоделството. Сега ни се потребни машини од приклучната механизација. При првата програма, имам набавено трактори и приклучни машини. Имам околу 15 хектари со градинарски, со житни култури и со тутун. Сега сакам да набавам приколки, брани. Програмата е во ред. Мора да се средат документите за аплицирање. Сега се осовременуваме, се унапредува земјоделството, вели земјоделецот Митрески.

Од прилепско Кадино Село е и Златко Желчески. Тој аплицира во име на сопругата и се надева на трета среќа. – Ги комплетирам документите во името на сопругата која е регистриран земјоделец. Досега двапати бев одбиен за механизација, се надеваме на трета среќа. Немаме многу земјиште за работа, 4 до 5 хектари, ама е доволно ако сакаш да работиш. Значи, кога и да стигне механизацијата, добредојдена е, вели Желчески.

Годинава се очекуваат уште два повика од оваа програма за набавка на механизација.


 

opserver.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close