fbpx
ВестиТоп вести

МЗШВ и Слоу фуд Македонија ја официјализираат соработката

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска ќе ја официјализира соработката со националната организација Слоу Фуд Македонија преку потпишување меморандум.

Меморандумот предвидува соработка во повеќе области, а меѓу приоритетните е користењето заштитени ознаки за квалитет. По овој повод, Слоу Фуд Македонија на МЗШВ ќе му ја достави Листата со традиционални производи во Република Македонија, на која работеше изминатиот период.

Настанот ќе го отвори министерот за земјоделство Љупчо Николовски, а ќе присуствуваат претставници од науката, земјоделскиот сектор и активисти на Слоу фуд Македонија.

Слоу Фуд Македонија претходно склучи Меморандум за соработка и со Агенцијата за храна и ветеринарство. Засега активностите се фокусирани на донесување нов правилник за директна продажба на традиционални и анимални производи во мал обем. 


 

opserver.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close