fbpx
ВестиТоп вести

ИПАРД 2 програмата примамлива за тетовските земјоделци, ама ретко кој може да ги исполни условите

Едвај дваесетина земојделци од тетовско успеале да ги исполнат условите за мерката 2 од ИПАРД 2 програмата. Како главни причини за неискористеноста на европските пари се бирократските процедури, неусогласеноста на европските со македонските стандарди во земјоделското стопанство, но и расцепканите земјоделски парцели.

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието подрачно одделение Тетово, велат дека тетовскиот регион изобилува со земјоделска обработлива површина и земјоделците се заинтересирани и сакаат да аплицираат за ИПАРД 2 програмата, но кога ќе ги слушнат условите, голем дел од нив се откажуваат.

Раководителот на агенцијата Петре Петрески, вели дека најтешко ги добиваат средствата сточарите кои сакаат да аплицираат за доградба или изградба на штала, магацин или било каква одгледувачница за стоката. ИПАРД 2 програмата бара пред се исполнување на еколошки стандарди што подразбира интервенција во постоечкот објект или изградба на нов. Но за вакви објекти општината не може да даде дозвола, зато што истите не се дел од урбанистичките планови на руралните општини.

-Кај нас 90 % од одгледувалиштата тука во тетовско ги немаат решено тие проблеми со складирање и справување со арското ѓубре а тоа е еден од најголемите проблеми, тоа е голем фактор за загадување на животната средина. Тоа мора да се реши на соодветен начин, дали тоа ќе бидат јами или платформи. Проблем е кај овие фарми кои се во населени места, а самите фарми не влегуваат во урбанистичките планови на општините како дејност одгледување на стока.Општината не може да има даде дозвола, затоа што во одгледувачниците  90 %  не се дел од урбанистичиот план претежно на руралните општини.  Може да се дислоцираа, но за тоа треба да имате поголема површина. Земјоделците може ја имаат таа поголема површина но надвор од населени места, а за овие површини не може да се извади дозвола за градба, затоа што се работи исто така за места кои не се дел од урбанистичките простори на општина и пак се јавува проблем, а тука нема ниту пристапни патишта, рече Петре Петрески од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието

 

ИПАРД 1 програмата која траеше од 2007 до 2013 година беше полиберална.

 

При аплицирање за ИПАРД 1 програмата не се земаше целокупното земјоделско стопанство, односно се бараше исполнување услови за таа гранка, за која земјоделецот аплицирал. За ИПАРД 2 програмата се зема предвид целокупното земјоделско стопанство.

Дополнителен проблем е што голем дел од земјоделците немаат големи површини, што е услов да добијат повеќе пари од европскиот фонд. Нивите во тетовско па и воопшто во Македонија се расцепкани на повеќе приватни парцели.

Проблемот може да се надмине само со окрупнување на земјоделските површини преку здружување на земјоделците, односно преку формирање на земјоделски задруги, кои кај нас се голема реткост. Сега без разлика за кој сектор ќе се поднесе барање, во обзир се зема целото земјоделското стопанство

-Проблемот е што ако земјоделците се занимаваат со растително производство, а имаат и стока над 10 грла па дури и да аплицираат само за растително производство, тие мора да ги исполнат условите за заштита на животната средина во одгледувачниците, односно во местата каде ја одгледуваат стоката. Исто така што поголема површина има земјоделецот толку тој може повеќе да бара и нормално да добие средства од ИПАРД 2 програмата. На пример ако некој се занимава со овоштарства и на пример за оваа дејснот треба да исполнува услов да поседува 0,3 хектари земјоделска површина и ако сака да добие и приклучна мехазниација треба да поседува 1 хектар земјоделска површина. И затоа е добро да се здружат земјоделските стопанства, за да можат заеднички да настапот во ИПАРД програмата, за да добијат поголеми средства, рече раководителот на Агенцијата за поттик и развој на земјоделието подрачно одделение Тетово Петре Петрески

За одгледувачниците за поситна стока како кози и овци, условите се полиберални, но и таму се бара минумум за едно грло стока да има обезбедно сточарот 1,4 метри квадратни затворен простор, нешто што е потешко да се обезбеди во планина, каде претежнои се чува овој вид стока.

Физичко лице кое се занимава со овчарсто а кој сака да остане анонимен ни раскажа дека воопшто не аплицирал за ИПАРД 2 програмата, затоа што бил свесен дека нема да ги добие средтсвата.  Не сакаше да го открие идентитетот, оти како што ни рече му било страв дека во иднина нема повеќе да ги добива субвенциите за овците.

-Има голема бирократија, бараат биланс на успех на пример а тој го добваме некаде во февруари или март. а крајниот рок за аплицирање на мерката 2 од ИПАРД 2 програмата завршува на почетокот на февруари. Мора тука институциите да помогнат во овој дел. Мора да се олесни бирократијата. Земоделците не се толку образовани да знаат што треба да поднесат, мора институциите да бидат покрај нив. И тоа што сакам да го истакнам е политиката, значи голем дел од средствата од ИПАРД 2 програмата се доделуваат политички, истакна сточарот од тетовско кој сакаше да остане анонимен.

За основни средства за земјоделски стопанства може да конкурираат сите земјоделски стопанства, било да се работи за физички или правни лица. Главен критериум е да располагаат со земјоделско земјиште или одреден вид жива стока. Растителното производство е поделено на сектори. На пример за овоштарството потребно е да се има 0, 3 хектари под овошен насад кај градинарството потребни се 0,5 хектари, додека кај другите култури како житни фуражни и слично, треба да имаме 1 хектар земјоделско земјиште.

Основни средства од мерката 2 од ИПАРД 2 програмата се приклучни средства потоа средства во бербени активности постбербени активности и слично. Кај сточарското стопанство може да биде изградба на штали, објекти на помошни објекти на магацини и слично.

Во ИПАРД програмата може да се аплицира од 300 евра до 1 500 000 евра.

Земјоделецот откако ќе инвестира, поднесува да му се вратат средствата , минимум 60 % од инвестираното, ако се работи за младо лице му се враќаат 65 %.

За мерката 2 од ИПАРД 2 програмата годинава ќе се одобрат околу 12 милиони евра.

Зоран Димовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close