fbpx
ВестиТоп вести

Привршува откупот на тутунот

Откупот на тутун во струмичкиот регион ќе заврши пред законскиот рок. На околу  месец дена пред истекот на рокот скоро 99% од овогодинешната реколта веќе е предадена. Од здружението на тутуно производители Басмак велат дека до сега биле откупени околу 2 милиони килограми. Според нивните проценки остануваат уште десетина тони кои овие денови треба да бидат предадени. Поради тоа и поголемиот дел од откупните организации веќе ги повлекле нивните пунктови. Од Басмак велат,  годинава откупот поминал добро, немаат забелешки на проценката, а задоволни се и од постигнатата просечна цена.

,, Самата цена ни кажува дека е задоволен и самиот производител, 215 денари е просекот. Значи немаше никакви проблеми , се откупуваше без проблеми, без спорни бали, тоа самото кажува дека самите граѓани се задоволни. Ние знаеме дека секој производител сака повеќе да му е цената, да се покачи, ние како здруженија разговараме, преговараме со самите фирми и тие колку што можат нешто покачуваат, тоа е малку ама што да се прави.,, вели МАРЈАН ТРАЈКОВ – ЗДРУЖЕНИЕ НА ТУТУНО ПРОИЗВОДИТЕЛИ БАСМАК – ВАСИЛЕВО

Годинава во струмичкиот регион  според евидентните листови беа пријавени 2750 тутуно производители или за околу 150 повеќе во однос на лани.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close