fbpx
Вести

За 65,8 отсто зголемено производството на грозје

Минатата година биле произведени 324,769 тони грозје што е за 65,8 отсто повеќе од 2014 кога имало производство од 195,888 тони грозје, соопшти Државниот завод за статистика. Секое стебло лозница во просек родило по 4 килограми грозје.

66565

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014, земјоделските површини се зголемени за 0,1 отсто. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0,4 отсто, кај овоштарниците за 3,6, а кај лозовите насади за 0,8 отсто.

Во 2015 година, во споредба со 2014, поголемо зголемување на производството се забележува кај доматите за 8 отсто, кај пиперките за 7,7 и кај краставиците за 38,3%, а поголемо намалување се забележува кај житата, тутунот, сончогледот, компирот и кај луцерката.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close