fbpx
ВестиТоп вести

Во Македонија нема мандарини со пестициди потврдува АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на пазарот на нашата земја се пласирани не безбедни мандарини, вклучително и мандарини кои се увезуваат од Република Турција. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли и на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во земјава, вклучително и на увозот на мандарини од Република Турција.

Во рамки на контролите при увоз и на овој тип овошје, по потреба, се земаат мостри за лабораториско испитување, вклучително и з аевентуално утврдување на присуство на пестицид от поради кој била изречена забраната за увоз на мандарини по потекло од Република Турција во Република Српска.

Пратки со посоченото цитрусно овошје од Турција во земјава,  лабораториски се тестирани во месец декември 2018 година, а во фаза на лабораториско тестирање се и мострите кои инспекторит за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство ги земаа овој месец. Во испитаните мостри во декември 2018 година, не се утврдени отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за цитрусното овошје. Досегашните, со години извршени испитувања на безбедноста на цитрусното овошје, покажуваа трезултати во граници на дозволеното поради што не се изречени ниту забрани за увоз.

Минатата година воземјава биле увезени повеќе од 8.6 милиони килограми мандарини, најмногу од Турција и соседна Грција,соопштуваат од агенцијата за храна и ветеринарство.

З.Б.

 

Слични написи

Back to top button
Close