fbpx
ВестиТоп вести

Откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 10.9 % во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 10.9 % во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14.1 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 4.6 %.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, фуражните растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот и млекото, а намалување е забележано кај: градинарските растенија, живината и јајцата, млечните производи и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во октомври и декември, додека во ноември е забележано намалување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи.


 

biznisvesti

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close