Винаријата „Стоби“ го одбележа големиот македонски празник Св. Трифун и својот јубилеј 10 години од постоењето во присуство на своите пријатели од бизнис, политичкиот, дипломатскиот и јавниот живот. Сите заедно го закроија лозјето и наздравија од срце.
Нашиот бренд „Стоби“, во периодот од 10 години, стана вино со препознатлив квалитет коe се пласира на повеќе континенти. Со гордост можеме да кажеме дека ги освоивме Кина, САД, Русија и Европа. Горди сме на нашите награди и пофалници од реномирани вински критичари а тоа нам ни претставува предизвик за натамошни успеси, благодарение на целиот тим, вели Минчо Јорданов, сопственик на винаријата „Стоби“.
Изминататите години винарија „Стоби“ зема учество на сите реномирани саеми и освои награди и признанија на светски натпревари. Само лани, „Стоби“ освои највисоки признанија на престижните интернационални натпревари Мундус вини во Германија и Вино Љубљана во Словенија. Вината на „Стоби“ добија високи препораки од реномираните светски вински критичари во рецензиите објавени во Вашинготн пост и во винскиот магазин Wine Advocate.
Ние како винарија постојано ги следиме светските трендови, ги задоволуваме вкусовите на сите потрошувачи. Со тоа сме конкурентни и на светскот пазар со широка палета на производи на вина. Континурино вложуваме во иновации со цел да произведеме вина кои се премиум, класик, елитни или традиционални кои ќе ги задоволи сите вкусови и сетила на секој потрошувач. Винарија Стоби е семеен бизнис благодарение на мојот татко Минчо Јорданов, додава Ана Јорданова, креативен директор во компанијата.
„Стоби“ е модерно конципирана македонска винарија во Градско со свој ресторан, која годишно произведува 4,5 милиони литри висококвалитетно вино, од кои 70 отсто се извезува на пазарите во други земји.
netpress.com.mk