Водостопанство Брегалница: Нема да има одложување на сезоната за наводнување
Земјоделците кои ја користат водата од ХС Брегалница навреме да ги подготват површините за сеидба бидејќи сезоната на наводнување нема да биде одложена, рече директорот на водостопанство „Брегалница“ од Кочани, Николчо Колев.
Водостопанство Брегалница, нагласи Колев, ќе се придржува на договорот за наводнување склучен со Министерството за земјоделство, земјоделците и Водостопанство на Македонија поради што и интензивно работи на терен за подготовка на каналската и другата дистрибутивна мрежа за испорака на водата до крајните корисници.
Според него, најбројни во склучувањето договори се земјоделците од Облешево, Чешиново и Грдовци.
Колев апелира водокорисниците кои не го подмириле долгот кон Водостопанство Брегалница за искористената вода лани, тоа да го сторат во најкраток рок.