fbpx
ВестиТоп вести

Турција: ако немате за леб, јадете зеленчук

Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган постави десетици привремени тезги во најмалку шест градови за да им помогне на семејствата кои страдаат во економската криза. Но, мерката има бројни критичари, пренсува DW.

Во долгата редица во една истанбулска населба купувачите уредно чекаат пред шатор на кој пишува: „Целосна битка против инфлацијата“.

Оружјето во таа битка се состои од: спанаќ, домати и пиперки кои турската влада ги продава на привремени тезги за речиси половина цена од онаа на регуларните пазари.

„Луѓето кои живеат со минимална плата не можат да одат на нормален пазар“, вели Рејхан Келечи, 38-годишник кој, како и многу други Турци, едвај го издржува растот на цените на храната и основните производи. „Овие регулирани шатори се многу добри за нас… Што да правиме? Да седиме дома и да чекаме да умреме?“

Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган постави десетици привремени тезги во најмалку шест градови за да им помогне на семејствата. Цените на прехранбените производи од лани досега пораснаа за најмалку една третина, откако финансиските пазари реагираа на политиките на Ердоган и падот на турската лира.

 

Штета за приватните бизниси

Професорката по економија на Универзитетот Коч во Истанбул, Селва Демирал вели дека состојбата е влошена поради фактори како временските прилики, во кои ги вбројува и поплавите во јужна Турција.
„Економските фактори имаат големо влијание врз изборниот настап на владата, а високата инфлација и влошувањето на распределбата на приходите нема да и помогнат на владата“.

 

Економистката вели дека владините тезги им наштетуваат и на приватните бизниси кои поради тоа се принудени да ги намалуваат цените. Тоа е загрижувачко затоа што сѐ поголем број фирми прогласуваат стечај.
Еден продавач на пазар во Истанбул вели дека владините тезги му ги земаат редовните муштерии.

„Како да продаваме по таа цен?“, прашува Јасин Бајер, 33, кој пристигнува на пазарот пред изгрејсонце за да ја постави својата тезга.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Извор:DW.COM

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close