fbpx
ВестиТоп вести

PROANALİZ наскоро со нови 50 акредитации за хемиски и микробиолошки анализи

Под мотото „Безбедната храна  е основа за здрав живот“ лабораторијата  PROANALİZ од Струмица продолжува интензивно да работи во служба на производителите на храна, но и на оние кои ја консумираат. Менаџерскиот тим на оваа лабораторија работи на добивање на нови 50 акредитации кои треба да стигнат до крајот на месец април, информираат од лабораторијата.Со новите акредитации се зголемува  бројот на хемиски и микробилошки  анализи што ќе се прават во оваа лабораторија.

Со новите акредитации, набавената нова  опрема како и усовршувањето на вработените  за изработка на стручни анализи ќе придонесе, анализите што некогаш се правеа во странски држави сега, со помош на PROANALİZ,  да  може да се прават и кај нас. Наместо  примероците за анализа да се испраќаат во Турција, Италија, Грција, Словенија целиот процес сега се поедноставува. Сите хем иски  и микробилошки анализи ќе може да се прават во  PROANALİZ , при што  комитентите  ќе  заштедат време, нерви  и секако пари.

Новата современа машина VIDAS  ќе може да вади резултати за итно направени анализи за еден ден . Тоа е  многу ретка машина  со чија помош може да се добиваат резултати за еден ден, што е многу значајно за производителите на храна, вели Славица Милошевска, маркетинг менаџер  во PROANALİZ Струмица.

Брзината, квалитетот и пристапните цени се одлика на оваа лабораторија.


Ова го потврдува бројот на  договори што PROANALİZ ги има скучено со свои постојани комитенти. Како што велат од лабораторијата  се зголемува бројот на производи за кои може да се вршат најразлични анализи. Соработката пак со „Зелена берза“ вроди плод и придонесе секојдневно  да се зголемува бројот на клиенти кои бараат услуги од лабораторијата и што е најважно на крајот се задоволни.

Лабораторијата се наоѓа во Струмица, но тоа воопшто не е пречка анализи да прават за клиенти од цела држава. Одлично се организирани  и мострите за анлизи сами  ги подигнуваат од лице место.

„За здрав живот потребно е да се менуваат навиките. Со вистински анализи откријте ги вистинските навики кои ќе ви обезбедат здрав начин на живот“, порачуваат од PROANALİZ.

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close