Со цел подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион, Хидрометеоролошкиот завод, УНДП, и Министерството за земјоделство потпишаа меморандум за соработка.
УНДП во земјава ќе донира систем вреден половина милион евра, кој ќе овозможи навремени и точни информации преку сигнали за предупредување од обилни дождови, кои се важни за граѓаните, а особено за земјоделците.
„Катастрофалните поплави открија многу недостатоци во системот со управување со ризикот од поплави, како во системот за одговор од катастрофи, што во голема мерка зависи од навремено предупредување“, рече Нарине Сахакјан, претставник на УНДП.