fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Ореовка – пијалок и лек

Во минатото оревот повеќе го сметале за лек отколку за храна. И во денешно време се ценат нутритивните вредности на ова овошје. Алтернативната медицина го препорачува оревот за лекување на анемија, за проблеми со желудникот и  подобрување на варењето на храната. Посебно се препорачува зелениот орев, бидејќи тогаш во својот состав има голем процент на јод. Оревите лекуваат различни болести, и тие се многу корисни за тироидната жлезда, грлото, респираторните проблеми, бронхитисот, како и за зајакнување на имунитет. Домаќинките често прават ликер од мали зелени ореви. Кога во ова ќе се стави и мед може да биде и корисен лек.

Ликер од ореви

Потребни ви се: 40 млади ореви, 1 кг мед, 1 литар ракија.

Подготовка: Ставете ракавици и исечкајте ги младите ореви, ставете ги во поголема тегла и над нив додадете 1 кг мед и 1 литар ракија. Затворете ја со соодветен капак и оставете ја теглата да стои на сонце 40 дена. Повремено промешајте ја содржината со пластична лажица.

З.Б.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close