fbpx
ВестиТоп вести

Регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиште во Куманово

 

Денес во Куманово,проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ),  организира регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште. Работилницата ќе се одржи во Занатски Дом во Куманово, со почеток во 12:30 часот.

 

На настанот ќе се обратат:

  • E. Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Г-а Вилма Даугалиене, главен технички советник од ФАО (тим лидер на проектотMAINLAND)

 

Работилницата е дел на овогодинешната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеци. Главнатацелнаработилницата е да се подигне локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште. Земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од МЗШВ и АПРЗ, како и други важни локални чинители од Североисточниот регион се поканети да присуствуваат.

 

Учесниците ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и  Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамки на проектот МАИНЛАНД. Сопствениците на земјоделско земјиште ќе бидат исто така информирани како да аплицираат на отворениот повик за изразување интерес за проекти за консолидација на земјоделско земјиштево текот на март и април 2019 година.

 

Првата регионална работилница за консолидација на земјоделско земјиште се одржа на 5. Март во Прилеп, а следната е планирана воСтрумица на 12.Март. Кампањата ќе продолжи и на локално ниво, каде што проектниот тим, заедно со претставници на МЗШВ, ќе посетатнеколку целни заедници, вклучително Кривогаштани, Старо Нагоричане, Босилово и Колибари, со цел да им се помогне на потенцијалните кандидати да аплицираат за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште. Овие активности имаат за цел да помогнат при изборот на нови 12потенцијални области за консолидација на земјиште во земјата.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close