Се засадуваат нови лозја. За таа цел се избира здрав посадочен материјал и
растојанија кои овозможуваат нормален развој на лозата и спроведување потребните
агротехнички мерки. Продолжува резидбата. Болните, исушените и заразени од
бактериски рак лози се искоренуваат и согоруваат, а местото треба да се дезинфицира
со 2% формалин по 25 л/м
2
. Почнува пресадувањето на нови лози на празните места. Се
започнува со првите третирања против болести и штетници со соодветни пестициди.
При поволни услови може да се врши кроење на лозите, како и изнесување на
лозови прачки.По потреба се врши санација на конструкцијата. Се внесува потребното
количество ѓубрива и се врши обработка на почвата.