Месец март е првиот пролетен месец. До крајот на месецот се врши главниот
пролетен преглед. Неопходно е да се направи при температура на воздухот над 14°С.
При прегледот се одредува состојбата на пчелното семејство, количеството на легло и
храната, квалитетот на матицата и општата состојба на семејството. Тукушто
снесените јајца се доказ за постоењето на матица во пчелното семејство и отворено
легло. Неопходно е да се додаде од резервите со мед или густ шеќерен сируп, ако при
прегледот се открие дека семејство има помалку од 5-6 кг мед. Пчелното семејство се
стеснува на толку рамки, со кои би се покриле со пчелите. Пчелното семејство се
подредува така што да се обезбеди подобар развој на истото. Од страната која е
изложена на сончева светлина се поставуваат 1-2 рамки мед и полен, до нив рамките
со легло, потоа 1-2 погачи со мед и полен и преградна штичка, зад која може да се
постави материјал за затоплување. Неопходно е да се регулира влезот на пчелното
семејство според неговата сила и да се изврши третирање против вароа.