fbpx
ВестиТоп вести

За праменка, буша и балканска коза дополнителни субвенции

Субвенционирањето на овие автохтони раси кои, иако не се со голема продуктивност, е да се намали ризикот од нивното исчезнување од селата и пасишта во државава. Инаку годинава поддршката за набавка на приплоден добиток е зголемена на 90 милиони денари

Сточарите кои одгледуваат домашни раси на добиток ќе можат да добијат дополнителни субвенции. Покрај за говедата од расата буша, финансиска поддршка ќе добијат и овците од расата праменка, домашната балканска коза и домашниот шарпланинец.
Со Програмата за поддршка на земјоделството и оваа година дополнителни субвенции од 2.000 денари следуваат за говедата од домашната расата буша.

На дополнителни 550 денари сточарите имаат право и за овците од расата праменка и козите од расата балканска.
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози и кои имаат стадо од најмалку 50 животни.
Одгледувачите на овци и кози имаат право и на по 3.000 денари за секој домашен шарпланинец.

Шарпланинците треба да имаат микрочип на денот на поднесувањето на барањето. Максималниот број е седум пријавени кучиња по земјоделско стопанство.

Субвенционирањето на овие автохтони раси кои, иако не се со голема продуктивност, е да се намали ризикот од нивното исчезнување од селата и пасишта во државава.

– Мерката за приплоден добиток оваа година ја зголемуваме за неколку пати. Минатата година имавме предвидено околу 14 милиони денари, а оваа година со Програмата за рурален развој, мерката за набавка на приплоден добиток, преку која го обновуваме генетскиот потенцијал, ја зголемуваме продуктивноста ја зголемивме на 90 милиони денари, односно 1,5 милиони евра, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Фармерите кои планираат да инвестираат во приплоден добиток, прво ќе склучат договор за поддршка со Платежната агенција, а потоа ќе ја реализираат инвестицијата.

Во новата Програма за директни плаќања, и годинава одгледувачите на говеда со развоен потенцијал ќе добијат за 10 отсто повисоки субвенции. Со цел да се поттикне интересот за премин на посериозните фармери во повисока категорија, се зголемува прагот, односно оваа зголемена субвенција ќе важи за сточарите кои имаат од 10 до 50 грла говеда, а не како лани од 5 до 20 грла. Во оваа категорија спаѓаат 24 отсто од вкупниот број на одгледувачи на говеда и 42 отсто од добиточниот фонд.

Исто така, остануваат субвенциите по другите основи, како 30 отсто повисоки субвенции за зголемен пријавен број на грла во основно стадо, за производство на говедско месо, за заклани и предадени говеда во кланици и друго.

извор: вечерпрес

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close