fbpx
ВестиТоп вести

За 21 месец земјоделците од Удово, Јосифово и Пирава ќе добијат нов систем за наводнување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, претставникот на ГИМ, Михо Јаневски, како и претставникот на АХТ груп АГ, Едуарт Плател, присуствуваа во Валандово на потпишувањето на договор за изведувач за Програмата за наводнување на јужно – вардарска долина, втора фаза. Договорот го потпишаа Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и претставникот на Штрабаг , Златан Ѓурѓиќ.

Според договорот,предвидена е изведбата на градежните работи да трае 21 месец, во кој период би се изградил главен гравитационен цевковод со 4 препумпни станици и целосно модернизирање на мрежата за наводнување. Бенефит од овој проект ќе имаат 1300 домаќинства или 4500 граѓани кои живеат во атарот на селата Удово, Јосифово и Пирава. Изградбата на новиот систем за наводнување ќе обезбеди континуирано снабдување со вода за наводнување 24 часа, 365 дена во годината, со што ќе се создадат услови за обработување на сите расположиви земјоделски површини во ова подрачје.

По реализација на втората фаза од проектот “Јужновардарска долина”, предвидена е реализација на трета фаза од проектот, која ќе го опфати земјоделското земјиште во атарот на населените места Валандово, Раброво, Собри и Чалакли.

Проектот “Јужновардарска долина”, се финансира со средствата на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка “KFW” и со средства од Владата на Република Северна Македонија.


 

ako.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close