fbpx
ВестиТоп вести

СОУ Димитар Влахов од Струмица доби современа земјоделска  механизација од над 30 илјади евра за поквалитетна практична настава

 

Средното општинско училиште  ,, Димитар Влахов,, од Струмица ја доби земјоделската механизација од ,,Синпекс’’ Битола која е дел од проектот на министерството за образование за унапредување и модернизирањена стручното и техничкото образование. Станува збор за трактор од марката  John Deere но и приклучна механизација: плугови, брани, прскалки , ѓубрерастурач, атомизер кои ќе имат двојна намена за струмичкото училиште, каде има неколку профили од земјоделската струка. Од една страна ќе бидат користени за изведување на практичната настава но и по предметот земјоделска техника а од друга страна ќе бидат во функција на училишната економија имајки во предвид дека ,,Димитар Влахов,, минатата година доби околу 20 хектари земјоделско земјиште во атарот на селото Моноспитово

,, Ние повеќе години немавме земјоделско земјиште бидејки ни беше одземено . Минатата година преку Владата конечно успеавме да добиеме 20 хектари земјоделско земјиште што не беше неопходно за учениците од земјоделската струка. Еден дел од површините ги засеавме со пченица а другиот дел го подготвуваме за да го засадиме со цвекло. Ова механизација секако ни е добредојдена. Толку многу механизација не ни сонувавме дека ќе добиеме. Станува збор за модерна механизација која ќе ја користеме за нашата економија но и за наставата,, кажа директорот на СОУ ,, Димитар Влахов,, Димитар Ѓорѓев

Професорите кои држат часови во образовните профили по земјделска струка не го криеа задоволството што конечно нивното училиште доби современа земјоделска механизација. Велат дека истата може да им се презентира на средношколците кои ќе имаат и можност да ја ракуваат и да се обучуваат по часовите за практична настава . Професорот Динчо Крстев смета дека со механизацијата учениците ќе добијат далеку поголеми вештини и знаења директно да се вклучат во земјоделскиот сектор.

,, За првпат учениците ќе имат можност теоретското да го применат и во практиката, односно да работат со нова механизација. Да се обучуваат за практично возење, орање, прскање, ѓубрење. Наша основна цел овие ученици да стекнат знаења и вештини уште од средношколските денови и независно дали ќе го продолжат своето образование да бидат подготвени, директно да се вклучат во агросекторот односно да бидат поконкурентни на пазарот на трудот или пак да дадат придонес во семејните земјоделски бизниси,, вели Динчо Крстев професор по практична настава и земјоделска техника

Со него се согласува и професорот Томе Тимов кој тврди дека механизацијата што ја доби СОУ ,, Димитар Влахов’’ е дел од последната производствена линија и преставува современа механизација која се користи во сите развиени земји што е клучен предуслов за квалитетно и приносно земјоделско производство

,,Новата механизација преставува клучен услов за современо земјоделско производство. Македонскиот аграр страда токму од овој сегмент бидејки не го осовременуваме и модернизираме земјоделското производство. Нашите ученици кои се во земјоделската струка сега ќе имат можност да управуваат нова механизација и да бидат во тек со новите технологии и современите начини на работа. Во земјава е доста застарена механизцијата и токму преку вакви проекти одблиску ке се запознаат со современото земјоделско производство,, вели Тимо Тимов

Според проекциите на професорите, целата механизација што ја доби СОУ,, Димитар Влахов,, каде се школуваат околу 200 ученици во земјоделската струка од прва до четврта годиа, чини повеќе од 30 илјади евра.

Од министерството за образование не информираа дека освен струмичкото училиште ,,Димитар Влахов,, нова механизација и опрема наменета за осовременување и унапредување на стручното образование добилваат и училишта во Скопје, Тетово, Св.Николе, Куманово, Прилеп. Механизацијата и опремата е во функција на поквалитетна настава односно едукација на средношколците и  стекнување на поголеми знаења и вештини за време на практичната настава

В. Трајков

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close