Вести
До крајот на неделава ќе почне исплатата за субвенциите за тутунот
Државата продолжува со грижата за земјоделците и исплатата на субвенциите.
Во последните 5 години на земјоделците од Преспа им се исплатени 9 милиони евра, од кои над 7 милиони биле наменети за овоштарите информираше лидерот на владеачката партија Никола Груевски при посетата на Ресен.
– Процесот и натаму тече и државата води грижа за луѓето кои одгледуваат и имаат овошни насади, за луѓето што се занимаваат и живеат од овие култури и тоа ќе продолжи и во иднина.
Груевски информираше дека до крајот на оваа недела ќе почне и исплатата на субвенциите за тутунот предаден после 16ти јануари.
За оваа намена се издвоени 500 милиони денари.