fbpx
ВестиТоп вести

Самоникли габи во Македонија -ЈАЈЧАРКА (AMANITA CAESAREA)

Позната е под повеќе имиња: благва; булка, но сепак најчесто  име  кое се споменува кај нас за неа е јајчарка. Таа спаѓа во родот Аманита во кој род припаѓаат и многу вкусни но и печурки кои секогаш во литературата се категоризираат како смртоносно отровни.   Начесто расте во топли и суви места т.е. во светли листопадни шуми во летниот и есенскиот период од годината. Особено е присутна во близина на дабот и питомиот костен. Вирее во средна и јужна Европа но во многу региони и дражви е ретка и заштитена со закон. За разлика од нив кај нас посебно во некои региони е особено честа.

Во почетокот на растење целата печурка е сместена во јајце со еластична бела обвивка, кое потоа печурката го кине и од него излегува плодовото тело. Шапката нараснува со дијаметар од  5-15цм, и е со жолтопортокалова до жолтоцрвена боја. Шапката е мазна на која понекогаш се наоѓа парче од белата обвивка на неа. Ливчињата и дршката  се со жолта боја.

Оваа печурка е јадлива и е со извонреден квалитет. Може да се припрема на многу начини, но можи да се користи и сирова. Најповеќе до изгледот може да му се приближи отровната оголена мувоморка (Amanita Мuscaria var. aureola) која што е многу ретка, и за разлика од јајчарката обично вирее во зимзелени шуми. Исто така кај неа  ливчињата и дршката  се со бела боја за разлика од јајчарката каде што се жолти. Кога добро ќе се запознае  печурката јајчарка скоро е невозможна замената со отровни и нејадливи видови. Секој што сака да зачекори во светот на габите треба задолжително да ја знае и познава оваа печурка.

 

 

 

Подготвил: Игор Петровски

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close