fbpx
ВестиТоп вести

Вработени од Синпекс Доо Битола засадија дрвца во кругот на битолската клиника

Акцијата „Дај свој придонес- засади дрво!“ денес ја продолжија вработените од Синпекс ДОО Битола . Стотина зимзелени садници денес вработените од оваа реномнирана фирма ги засадија во кругот на клиничката болница Битола, пред одделението за онкологија  како и пред влезот на болницата.

Со оваа акција дадоа свој придонес  за оплеменување на просторот  и зачувување  на животната средина. Синпекс како општествено одговорна компанија секогаш ги поддржува ваквите акции и директно се вклучува во реализирањето на истите. Со ова покажува  дека фирмите треба подеднакво да обрнуваат внимание не само на нивната примарна дејност, туку и да бидат активни чинители  во зачувувањето на животната средина   и во подобрувањето на условите за  живот на целата заедница.

Целта е да се зголеми свеста кај компаниите и пошироките граѓански маси за подобрување на целокупниот живот и ваквите и слични акции да станат традиција. Традиција која ќе ја негуваат сите, од најмали до најголеми.

Во акцијата која започна вчера во градскиот парк во Битола  беа вклучени покрај Синпекс ДОО Битола и Кромберг & Шуберт- Битола, Киро Дандаро, Пица ресторан Кус-Кус, Бимилк, Хемометал , Cylindo и Зелена берза, а на инцијатива на фирмата Интерворкс –Битола. Ќе бидат засадени околу 2800 садници на повеќе локации во градот. Општина Битола дава логистичка поддршка и преку ЈП Комуналец ќе се грижи околу одржувањето на засадените садници.

Погледнете ја галеријата фотографии од денешниот настан

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close