fbpx
ВестиТоп вести

Министерот Николовски на средба со откупувачите и извозници на јагниња, за состојбата со откупот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска, заедно со посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ, Ленче Николовска и тимот од МЗШВ,  одржаа работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња. На состанокот се разговараше за актуелната состојба со откупот на јагне и за извозот.

Од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено. Позитивно ја оценија иницијативата на МЗШВ што се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози, кој што е во тек, потенцирајќи дека резултатите ќе бидат од од исклучителна важност за  креирање на политиките за овчарството, врз основа на точни бројка на овци, за која што во моментов сметаат дека не е релевантна.

Министерот Николовски посочи дека МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето. До крајот на јуни годинава Агенцијата за храна и ветеринарство ќе заврши со пописот и ќе излезе со точна бројка на овци и кози, што е важно за прецизно дефинирање на политиките на среден но и на долг рок како  и за правилна распределба на субвенциите за овчарството. Николовски на состанокот уште еднаш потенцираше дека Владата на РСМ нема да дозволи сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба.

При тоа Николовски посочи дека МЗШВ континуирано работи на воспоставување на контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото и дека веќе течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар. Според податоците од АХВ, во декември 2018 година од Република Северна Македонија  се извезени 2.897 јагниња или количина во килограми 33.509килограмиг. Оваа година се извезени 16.533 јагниња или количина во килограми 173.427 килограми.Во текот на утрешниот ден во МЗШВ ќе се одржи работна средба со претставници на здруженијата на одгледувачи на овци на која што ќе се разговара исто така за состојбата со откупот на јагнето.


 

biznisvesti

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close