fbpx
ВестиТоп вести

Царина од дури 40 отсто за македонското јаболко, Николовски ќе се обиде да ја намали

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е во Египет каде што ќе се обиде да ја намали големата царинска стапка од друи 40 отсто за македонското јаболко.

Од нашата држава во Египет најмногу се извезува јаболка, праски, тутун и месо. Во 2018 година, извозот кон Египет бил во вредност од близу шест милиони евра.

Николовски во Египет се сретна со министерот од неговиот ресор.

– Со Ezz El-Din Omar Abu Steit ќе разговараме за унапредување на трговската размена, за потенцијалните земјоделски производи кои од Република Северна Македонија може да се извезуваат во Египет, како и за иницијативата за намалување на увозните тарифи, објави министерот.

На состанокот се разговараше за  унапредување на трговската размена, за потенцијалните производи кои од Република Северна Македонија може да се извезуваат во Египет, како и за иницијативата за намалување на увозните тарифи.

Од страна на египетскиот министер за земјоделство беа назначени лица кои ќе бидат членови на работната група, а од МЗШВ до Египет ќе бидат испратени имиња на членови од Република Северна Македонија. Исто така од страна на МЗШВ до Египет ќе биде испратен пополнет Прашалник за анализа на ризик при увоз на јаболка од РСМ во Египет, од аспект на употреба на заштитни средства.

– На работниот состанок ја истакнав подготвеноста од страна на Владата на РСМ, за склучување на преференцијален договор кој што ќе биде основа за продлабочување на трговијата помеѓу двете држави. Една од темите за кои разговаравме со египетскиот министер беше примената на Протоколот за соработка во областа на земјоделството со Египет и почетокот со работа на работните групи од двете земји согласно одредбите од Протоколот, соопшти Николовски.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close