Високоџбунестата америчка боровница е се повеќе барана на пазарот. Светскиот пазар е недоволно снабден со плодовите од ова овошје кои што се користат како во свежа состојба, така и за преработка, а и во смрзната состојба.
Високоџбунестата америчка боровница потекнува од САД и може да достигне висина од 3,5 до 4 метра. Таа по многу нешта претставува доста катактеристично овошје. Припаѓа во групата на јагодести овошја и е многу значајна и корисна од аспект на нејзините хранливи и лековити својства. Боровницата претставува повеќегодишно растение и може да се експлоатира од 20 до 50 години. Приносот на растението почнува да се зголемува во текот на третата до шестата година, а од седмата година, боровницата е во полн род. Подигнувањето на насад со боровинка е доста скапа инвестиција, но со оглед на нејзината родност и побарувачка на пазарот инвестицијата се враќа доста брзо.
Целосниот текст можете да го погледнете на следниот линк