fbpx
Вести

Фабрика за преработка на тутун во Крушево

Фабрика за преработка на тутун ќе никне во индустриската зона „Опалени“ во Крушево. Најголемата грчка компанија „Секе“ го потпиша договорот за земјиштето во зоната. Инвестицијата од 5 милиони евра, почетно, ќе обезбеди работа за 250 до 300 работници.

fabrika za prerabotka na tutun vo krushevo

 

„Крушевскиот регион е еден од поголемите производни региони за тутун. Тука има голем број професионалци кои работеле и работат со тутунот. Тоа е како регион за нас доста прифатлив за инвестиција. Наидовме на добри пријатели, професионалци и луѓе, посебно со градоначалникот на Крушево кои ќе ни помогнат да ја реализираме инвестицијата во овој регион“, вели Александрос Контос, генерален директор на „Секе“.

Компанијата е, најновиот, десетти лиценциран откупувач на тутун во земјава. Веќе има склучено договори со тутунарите за откуп на еден милион килограми од новата реколта.

Крушевската индустриска зона се простира на 16 хектари. Четири хектари веќе купи грчката комапнија „Секе“. Првично, погонот ќе биде на 15.000 метри квадратни. Потпишани се договорите за откуп на тутун. Со оваа инвестиција, всушност, почна да работи индустриската зона.

Ова е голем економски бенефит за историско Крушево, неподелено е мислењето на локалните власти.

„ Ова значи буквално, економски препород за градот, за општината во која речиси три децении не е инвестирано. Се отвораат 250 до 300 реални работни места, директни работни места, додека економскиот бенефит за градот и за регонот ќе биде далеку поголем“, изјави градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески.

Фабриката треба да биде готова до крајот на годинава. Во меѓувреме грчката компанија веќе изнајми магацински простор. Во крушевската индустриска зона се најавуваат и други инвестиции.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close