fbpx
ВестиТоп вести

Зголемен бројот на кози, намален бројот на кокошки во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, во споредба со 2017, вкупниот број говеда е зголемен за 0.4 %.

Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 0.9 %, додека бројот на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е намален за 14.8 %.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2018 година, во споредба со 2017 година, е зголемен за 17.9 %, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 12.0 %.

Зголемување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0.9 %, а кај деловните субјекти нивниот број е намален за 17.2 %.

Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 27.8 %, а кај деловните субјекти за 9.0 %.

Бројот на живината во 2018 година, во споредба со претходната година, е намален за 0.6 %.


 

emagazin.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close