fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Избегнувајте сол во исхраната

Солта најчесто ја внесуваме во организмот свесно, солејќи ја храната. Меѓутоа, не сме свесни дека дозата која сме ја внеле во текот на целиот ден е далеку поголема од тоа што мислиме.

Солта е присутна речиси во сè, па го наоѓа патот до нашата чинија дури и кога мислиме дека ја нема. Дали сте знаеле дека солта содржи дури 40% натриум? Земајќи го ова во обзир, тешко е да се претпостави дека многу лесно се преминува дозволената граница на неговиот внес, а тоа е само една мала лажичка дневно.

Како да знаете дали сте претерале? Овие знаци без сомнение укажуваат на предозирање со натриум. Доколку ви се појавуваат секојдневно, крајно време е сериозно да поработите на промена во исхраната.

Постојано сте жедни

Натриумот игра голема улога во одржување на рамнотежата на течностите во телото. Солта ни е потребна за да ја балансира количината на вода во организмот. Кога сме жедни, телото ни порачува дека во организмот има премногу натриум и дека со внес на вода треба да ја доведеме таа количина во рамнотежа.

Надуени сте

Солените јадења често создаваат надуеност. Кога ќе внесете премногу натриум во организмот, водата ги напушта клетките и тоа создава отекување. Ќе приметите и отоци на прстите или стапалата, после посебно солени јадења. За ова може да ја обвините нерамнотежата на метаболитичките течности која ја предизвикува натриумот.

Ве боли глава

Доколку имате главоболка навидум без причина, размислете што сте јаделе. Премногу сол може да предизвика ширење на крвните садови во мозокот и поради тоа се создаваат главоболки.

Не чувствувате вкус на храната

На врвот на прехранбените ризици се наоѓа консумацијата на премногу сол. Меѓу другото, таа може и да го уништи вашето сетило за вкус. Колку повеќе сол јадете, ви треба повеќе плунка за да го почувствувате истиот вкус.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close