Согласно законот за тутун и тутунско производство рокот за издавање на евидентни листови е до 31 март 2019 год.
До 31март во подрачната единица на МЗШВ Битола се издадени 2510 евидентни листови за површина од околу 1900 хектари која се планира да се посади за оваа реколта, соопштуваат од ПЕ МЗШВ.
Се известуваат сите земјоделски стопанства дека не може да имаат по два или повеќе Идентификациони броеви во едно домаќинство на иста адреса, па поради тоа потребно е да се јават до ПЕ на МЗШВ Битола и целокупното земоделско земјиште и сточарското производство да го спојат во едно семејно земјоделско стопанство .Оваа постапка ќе трае и за време на апликацијата за субвенции 2019 год .
З.Б.