Вести
Земјоделците кои имаат фирми ќе можат да увезуваат пестициди и семиња
Сите земјоделци кои имаат регистрирано фирми и ги исполнуваат основните услови, имаат право да увезат поевтини пестициди и семиња. Постапката за регистрирaње за увоз трае само половина час.
Трговците не ја намалија цената иако во соседните земји истите препарати се поевтини.
Сега земјоделците можат сами да купуваат пестициди во странство од земјоделски аптеки или дистрибутери со тоа што мораат да имаат регистрирано фирма , вработено стручно лице и магацински простор.
Регистрираните индивидуални земјоделци немаат потреба од нова фирма, туку само да се запишат во фитосанитарниот регистар кој е бесплатен, а постапката трае половина час.
Може да се увезуваат сите пестициди кои се наоѓаат на дозволената листа.