Лабораторијата Проанализ врши анализи за глутен на разновидна храна и многу често ги задоволува потребите на клиентите и со извршените анализи и со советите, што да се примени и како за да се добие помала концентрација на глутен.
Глутенот е нерастворлив дел од протеин составен од протеините глијадин и глутенин. То јсенаоѓа во одредени житарки, како пченица, ‘рж и јачмен. Глутенот ја дава еластичноста на тестото од овие житарки.
Науката сè повеќе признава дека бројни болести можат да бидат поврзани со прехранбените фактори. Но, не се работи само за едни и единствени симптоми, туку кај секого различно се одразува. И покрај различните болести со различни симптоми, глутенот во сите случаи може да биде главен предизвикувач или оној кој ја влошува состојбата.
Доколку имате некои од овие симптоми, а досега не сте ја откриле причината, можеби токму глутенот е виновникот:
Депресија, збунетост, слаба концентрација, артритис, главоболка, промена на расположението, подуеност и болка востомакот, пролив, синдром на иритабилно црево, Кроноваболест, егзема, хиперактивност, хроничен замор, епилептични напади, псоријаза.
Кај децата, глутенот може да предизвика тешко дишење и чести воспаленија на ушите.
Доколку имате некои од наведените симптоми, не мора да поминувате низа прегледи со години, туку само пробајте извесен период да го исфрлите глутенот од исхраната. Доколку забележите подобрување, тогаш значи дека токму глутенот е она што ви пречи.
Најчесто тешко се утврдува кога е во рана фаза, доколку одите на испитување, но со промена на режимот на исхрана може да си го подобрите здравјето.
Безглутенската храна се смета и за поздрава, па им се препорачува и на оние кои немаат проблем со глутенската алергија.
Интолеранцијата на глутен во подоцнежна фаза преминува во цилијакија или глутенска ентеропатија.
Најчесто е хронична, гастро ентеролошка, автоимуна болест која е карактеристична појава ка јорганизмите кои не поднесуваат глутен.
Симптомите се долготрајни проливи или чести непријатни столици, болки во стомакот, губење килограми, губење апетит и слаба мускулна маса. Ка јадолесцентите кои патат од целијаклија се забележува за останат развој во пубертетот.
Ка јбебињата може да се јави за неколку месеци по воведувањето на глутенската храна во исхраната. Најчесто тоа се случува поради тоа што родителите не се придржуваат до календарот на исхрана за бебиња. Нивните црева не се доволно развиени за варење на тие намирници, па така може да дојде до целијакија.
Единствен лек за цилијакијата е без глутенската храна.
Лабораторијата Проанализ помага со советите, што да се примени и како да се постапи за да се добие помала концентрација на глутен.
З.Б.