fbpx
Вести

Потфрли извозот на јагниња

Потфрли извозот на јагниња за католичкиот Велигден. Годинава во извозниот шпиц, на странските пазари завршиле околу 114 илјади јагниња од Македонија или 25 илјади помалку од лани истиот период.

Сточарите проблемот го лоцираат во ниската откупна цена, поради што дел од фармерите не ги продале јагнињата.

jagne1

„Годинава имаше проблем со извозот на јагниња поради откупната цена. Откупот почна со цена од 120, потоа се зголеми малку на 145 денари, но за сточарите ова беше ниска цена и дел не ги дадоа јагнињата. Очекувавме цената да се зголеми и да достигне како лани 160 денари за килограм, но тоа не се случи”, рече Меџит Алити, здружение на одгледувачи на овци.

Од друга страна статистичките податоци покажуваат дека бројот на овци од 778 илјади во 2010 година, лани е намален на 700 илјади. Дел од агроекспертите велат дека дел од причините за намалување на извозот е падот на бројот на овци.

„Сточарството мора да добие поголем средства затоа што сточарството е финализатор на растителното производство. Преку сточарството продавате месо, млеко, сирење и така натаму, финални производи”, оценува Борис Анакиев, агроекономист.
Податоците покажуваат дека за субвенции за сточарството во периодот од 2010 до 2014 година се исплатиле 150 милиони евра. Но Македонија и натаму останува увозно зависна од месо и млеко. Статистичките податоци покажуваат дека за узво на месо и месни преработки лани се потрошиле дури 122 милиони евра, а увозот на млечни производи и птичји јајца од 23 милиони пред девет години лани достигнал скоро 46 милиони евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close