Несекојдневна глетка во Преспанското езеро. Во водата наместо риби, плутаа јаболка. Незадоволни овоштари револтот од многу ниската цена на јаболката го изразија на овој начин, фрлајќи ги јаболката во езерото. Овоштарите сметаат дека нивниот труд е обезвреднет и дека се дојдени на работ на егзистенцијата.