fbpx
ВестиТоп вести

КОНСТИТУИРАН НОВИОТ ЛЕСС НА ОПШТИНА БИТОЛА

Во Општина Битола се одржа првата конститутивна седница на Локалниот Економско Социјален Совет на Општина Битола. По запознавањето со значењето и улогата на ЛЕСС Битола,сите 22 присутни претставници едногласно го прифатија предлогот за претседавач да биде избрана градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

 

Градоначалничката Петровска побара анализа на досегашното функционирање на ЛЕСС-те кои се 15 во РСМ со цел да се направи споредба и да се искористат позитивните искуства од работата на овие економско-социјални совети.

На оваа седница, Мери Нашоку од МКЦ Битола ги прзентираше целите и активностите на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска кој што има за цел да ги поддржи локалните актери во процесот на зајакнување и развој на ЛЕСС на Општина Битола. Во рамките на проектот, во текот на 2019 година ќе се реализира Форум на зедницата со цел да се генерираат идеи и приоритети за работа ЛЕСС Битола со сите зинтересирани страни на локално ниво.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close