fbpx
ВестиТоп вести

Студот нема да предизвика штети а против град ќе се прска од авион

 

Циклонот Ален за викендов носи врнежи од дожд кој се проценува дека на места ќе донесат и до 30 литри на квадратен метар влажен талог но по разведрувањето во вторник попладне и среда наутро следат ниски температури. Според синоптичарите можна е појава и на снег но само на високите места додека ниски температури кои ќе бидат околу нула или нешто под нулата се прогнозираат за Берово но со краток интензитет. Студената воздушна маса која ќе ја зафати целата република не се очекува да донесе некои посериозни проблеми и измрзнувања во лозарството и овоштарството. Агрометеоролозите сметаат дека се работи за гранични вредности на ниски температури со они на издржливоста на културите во оваа фаза од развојот заради што многу значајна ќе поставеноста на насадите и микро локацијата.

-Овие ниски утрински температури кои се очекуваат за среда наутро нема да предизвикаат посериозни штети во земјоделството. Температура околу нула или нешто многу малку под нула се прогнозира само за Берово но и таму може да кажеме дека може студот да направи само едно проредување на овошките а кај лозата ќе зависи дали насадите се наоѓаат на јужна или на северна експозиција и дали се во депресии, рече Ангелко Ангелески агрометеоролог при управата за хидрометеоролошки работи.

Појавата ниски температури или мраз во Мај не е нешто што прв пат се случува. Според мерењата на УХМР пролетен мраз е забележан на 13 мај 78 година во Скопје, Прилеп, Битола и Крива Паланка. Во Ресен апсолутниот датум за пролетен мраз е на 24 мај 1987 година додека во Берово имало пролетен мраз и на 8 јуни далечната 1962 година. Од друга страна врнежите кои се очекуваат да донесат и до 30 литри на квадратен метар во одредени земјоделски региони се  добредојдени да го надополнат дефицитот на влага заради раната пролетна суша која до скоро владееше и која донесе недостиг од 100 литри на квадратен метар . Ваквите врнежи ја поправи и состојбата со есенските посеви кај кои сепак годинава ќе има жетва. Житата сега се во фаза на вретенење а јачмените и класаат и во оваа фаза врнежите им се многу значајни за да надополнат она што го изгубија со лошата слика од есента. Кај пролетната сеидба може да дојде и до благ прекин заради врнежите но и таму овие врнежи носат само позитивни резултати.  Врнежите во што поголем обем се добредојдени и за да се надополнат вештачките акумулации кои беа полупразни а кои допрва ќе бидат потребни за пролетните и градинарските култури. Покрај врнежите за викендов се прогнозираат и врнежи од град од кои се планираа нов начин на заштита на посевите. По успешните тестирања минатата сезона во Бугарија и Грција од годинава и во Македонија градоносните облаци се планира да се разбиваат со така наречено авионско засејување. Специјално опремени авиони ќе ги надлетуваат облаците и ќе прскаат раствори со кои ќе го спречуваат формирањето на град во нив што претставува модерно решение за градобијна заштита

.

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close