fbpx
ВестиТоп вести

Чесите забранија фрлање на храна!

Трговските ланци во Чешка веќе нема да можат да фрлаат намирници на кои им истекува рокот на траење, што е одсега е и со закон забрането.

Замрзнати производи, овошје и зеленчук, како и други употребливи намирници, ќе се донираат во банка за храна и во хуманитарни организации, каде што ќе бидат доставувани до најсиромашните граѓани.

Како што вели Вера Душова од банката за храна, по донесувањето на овој закон, нејзината организација е полна со разни видови на храна, понудата е многу поголема – од млечни производи до сувомеснати производи, па се до слатки.

Меѓутоа, како што велат маркетите, овој закон создава дополнителни обврски бидејќи отсега мора дополнително да го проверат квалитетот и исправноста на храната, па дефинитивно да ги отстранат оние што не се за употреба.

Покрај тоа, некои институции издадоа обвинувања за дискриминација бидејќи дел од храната претходно одела во золошки градини, но сега тоа повеќе не е случај.

 


 

denar.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close