Вести
Индекси на цените во земјоделството
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2016
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.0%, а кај аутпутот
намалувањето изнесува 7.9%.
Во март 2016 година, во споредба со март 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 96.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.3.
Во делот аутпут, во март 2016 година, во споредба со март 2015 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 90.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97.8.